неполн (прид.) - месец (имн.)

Ова Мајкино патување во Италија се збидна во про­лет­та 1939 година, неполн месец пред да биде окупирана род­ната Албанија, од дивизиите на фашизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По неполн месец повторно се најдовме на истото гранично место.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За неполн месец успеа да ги пронајде „двете златни зрнца“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првиот адут: Пред неполн месец во амбасадата ме посети Хабиб Бургиба Јуниор, син на славниот државник, поранешен шеф на туниската дипломатија, рожба од првиот брак со Французинката Матилда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)