непознат (прид.) - облик (имн.)

И враќајќи се од бескрајната празнина гореше од недореченост, затворајќи го погледот - накратко сосем мртва, бранувајќи го воздухот со прстите, несигурно како дете ја донираше својата кревка појава од надвор, непознат облик на работ од умот, исцрпена од силните претчувства за далечните светови во кои нема пристап, ограничена од ноќта, тажна, вознемирена и исплашена заради неочекуваноста на поривот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Им помогна со прашување и не ја подотвори вратата повеќе отколку што треба, им помогна, а стравот, наежен и со непознат облик, беше на негова страна, против сите нив и против нивното спокојство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сето тоа ја надлетува сцената во вид на прекрасна голема бела птица, во непознат облик.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од тој поим - направен, се сеќаваме, за да ѝ се парира на француската доминација - се создава еден дотогаш непознат облик на авторитет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)