неподнослив (прид.) - болка (имн.)

Англиската поетеса Елизабет Барет Браунинг, уште како дете била тешко повредена во една несреќа, па во текот на целиот свој живот земала лауданум за да ги олесни неподносливите болки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Е, да, тука веќе кај продавниците на риба беше кулминацијата на мојата неподнослива болка што ја чувствував.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Место татко, тие видоа обезличено тело, расчепено со синџир крваво месо што се превиваше и цвилеше, и сред тој ужасен сплет, нешто што било лице, со едно искорнато, друго избезумено око од кое кричеше неподнослива болка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А бидејќи, длабоко во себе, беше убедена дека болеста беше причината за неговата тага, таа беше решена да не зборува за болеста, колку и да ѝ беше неподнослива болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стомакот почна да се спушта надолу. Во грбот чувствуваше неподносливи болки, како ’рбетниот столб во секој момент да треба да и се одвои од телото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога го видов празниот кревет почувствував неподнослива болка во душата, пак почнав да плачам и да го гушкам креветот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)