неостварен (прид.) - желба (имн.)

Бура од мечти, неостварени желби. Бура, хаос. Испомешани чувства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Уште од мал сакал да оди по железничка пруга, скокајќи од праг на праг, а и до ден денес му остана неостварена желба да се вози на дресина, замислувајќ и си дека дресината е прво стапало, возот второ, а локомотивата трето, ако не и највисоко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секое идење пешки се сведува на пуста неостварена желба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Еден постар актер на еден помлад колега сакал да му ја открие својата неостварена желба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа требаше да биде нешто како компензација за нејзината неостварена желба да студира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)