неоспорен (прид.) - писателски (прид.)

Насловите преку кои другите го чувствуваат и го доживуваат Твојот неоспорен писателски статус безмалку никогаш не се оние теоретско-есеистички (твојата книга Пријатели, на пример!) туку се, секогаш и без исклучок, само оние белетристички: Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека ја читав токму таа книга за Твоите духовни пријатели (пред дваесетина години, кога уште не Те знаев), за првпат помислив дека нејзиниот автор треба да е некој чувствителен, прилично фрагилен човек (un uomo fragile!), кој тешко дека се вклопува во кодифицираната слика (имагологија, стереотипија...) за стандарден балкански писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Малкумина, ете, знаат дека и Твојата прва авторска фаза, којашто јас милувам да ја именувам како професорска, суверено ја одбележуваат неколкуте сјајни книги, не само исклучително компетентни, но и мошне искрени, суптилни, на мигови дури и трогателни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)