ненадеен (прид.) - средба (имн.)

Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можеа уште да се ослободат од силниот впечаток на ненадејна средба со виделината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Апотеозата на цариградските години, Татко ја достигна со ненадејната средба со Мустафа Ќемал Ататурк, во куќата на својот вујко Фатхи-беј Окијар, на островчето Бујук Ада, во Мраморното Море.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Обајцата се израдувавме од нашата ненадејна средба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Долго време тивко им шепотеше на своите книги раскажувајќи им ја ненадејната средба со Татковите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При онаа ненадејна средба на мостот. Лев, исто така ненадејно, се сврти кон неа и прескокнувајќи ги сите оние, со години пропуштени реченици, „како, каде си, што правиш“, веднаш ја запраша: „Се сеќаваш на киротериумот?“, а кога таа, заварена и радосна, само немо климна со главата, тој продолжи: „Има нешто што нè обзема во отсутноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)