некогашен (прид.) - значење (имн.)

Кога почна да наближува залезот на Татковиот живот, крај загрижената Мајка, а ние, сите петмина синови и едната ќерка, си бевме создале свои семејства, книгите го имаа загубено некогашното значење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Границата го загуби некогашното значење. Ја минуваа луѓето од обете страни како ништо да не се случило.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)