неизвесен (прид.) - пат (имн.)

А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Библиотеката беше вистинското Татково царство со илјадниците книги поданици, откриени и земени во себе особено во неизвесните патишта на балканскиот и медитерански егзил, при неговите престои и патувања во Цариград, Александрија, Тирана, Белград, Сараево, Битола и Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оската заглавена мисли на неизвесниот пат низ дрвјата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Го прекинам ли овој неизвесен пат, светот ќе е посиромашен за едно кажување.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не беа пожолтени животински коски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Собираше често книги во зависност од неизвесниот пат на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка во себе се противеше да го пушти по, за неа, неизвесни патишта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пораката што се наложуваше од овој предел на екстазата на природата низ водите, од каде што извираше духовноста беше јасна: требаше да се следи неизвесниот пат на јагулите, да се надоврзам на татковиот пат, да се трага по причините и смислата на неговите големи балкански илузии, да најде дефинитивен и спасоносен излез од Балканот за семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во ова средиште на куќата, во библиотеката, во тишината се одредуваше неизвесниот пат на семејството во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше среќен што ја минавме границата и стигнавме на првата станица на патот на јагулите, на неизвесниот пат кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветан Горски го замислуваше Татко со нови сознајби, внесен во неизвесниот пат на јагулите, во потрага по излез за семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Споредувајќи го неизвесниот пат на своето семејство со патот на јагулите, тој му ја доверуваше во ноќта на Игор Лозински својата водечка идеја дека сѐ што се случува во природата на планетата Земја, може да се провери во човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко никогаш не успеваше докрај да го дотолкува јаничарството кое му беше бегливо и одминливо токму како овие јагули на големиот и неизвесен пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)