незнаен (прид.) - ритам (имн.)

Барем таков е мојот опит: текот на мислата и на идејата се пресоздаваат во еден дотогаш незнаен ритам, а ритамот, насетуваше Ајнштајн, е некоја заскитана цифра на семирот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа се мигови кога раката и хартијата, низ ритамот на ракописот, непогрешно распознаваат каков плод ќе заврзат графичките симболи кои се населуваат како зрнца семе врз белината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)