незаборавен (прид.) - случај (имн.)

А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете тоа е приказната за незаборавниот случај од пред Војната и на она што се беше случило покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)