нежен (прид.) - допир (имн.)

Знаеше дека тие лузни можеше да ги излекува само еден мелем, а тоа беше нежниот допир на топлата прегратка на неговата изгубена љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се препушти на нежниот допир од непознатите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Враќајќи се во бараката долго ги чувствуваше тие прсти и тие нежни допири на своето лице.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се сеќаваше на утехата во нежниот допир на нејзината рака по брадата која оттогаш веќе никогаш не ја остави да порасне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Игбал седеше крај мене и тогаш сфатив дека бил цело време тука, само што не сакал да ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Престанав кога почувствував нежен допир на рамото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме заспивеше бакнувајќи ме по лицето со многу нежен допир на усните.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа се такви нешта кои и со нежен допир можат да ја искршат корупката под која ќе се појави разранетата површина на нашата сентименталност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Испраќањето во младоста беше речиси мал ритуал, со нежен допир на усните, но сега, со истата љубов, се допираа погледите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го слушнав разговорот, од нежниот допир и воздишките...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Босонога загазувам по песокот во ноќта, барам, нежен допир, питом поглед...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Твојот нежен допир е најскапото нешто, што го поседувам во ова време, на влезот од сиромаштијата, што ги убива сите чувства во мене...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И се случи: татковата голема и топла дланка се спушти врз неговата коса и почувствува нежен допир...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)