неделен (прид.) - прошетка (имн.)

Сепак, и покрај чрчорењето на мојава весела придружничка, како да се работеше за неделна прошетка низ чаршијата, кога влеговме во дуќанот, не се осмелив веднаш да го погледнам в лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Неколку дена по безизлезното прифаќање на неговите хирови и помирувањето дека со ваков човек треба да си го поминам остатокот од животот (личен став што не можеше да најде свое логично оправдување, но секогаш беше присутен), тој имаше смелост да ја избегне средбата предвидена за нашите вообичаено убави неделни прошетки низ паркот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)