негов (прид.) - физички (прид.)

Светот на првиот допир е свет на психолошки шок со кој натаму ќе раководат потсвеста и времето, времето во неговата физичка, но и филозофска категорија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Крвавите локви на белите постели сведочеа само за неговата физичка надмоќност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако овој проблем се среќава во повеќе формулации, во поедноставена форма тој се сведува на прашањето: Дали постои и ако постои од каков вид е врската помеѓу она што се случува во духот и она што се случува во телото и неговата физичка средина?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Се разбира (ладнокрвно го продолжувам разговорот, буквално како да не го забележувам неговиот одважен, да не речам недозволено надуен став, односно, простете да се коригирам, би било дозволено ако станува збор за неговиот физички изглед).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа не е време само во неговата физичко–просторна димензија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Меѓу позначајните филозофски проблеми што до денешен ден претставуваат голема загатка се вбројува односот помеѓу духот и телото. (Во англо-саксонската филозофија познат како минд-боди проблем.)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас ја немам неговата физичка сила, ама сум итра.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)