негов (прид.) - стар (прид.)

На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крај градот Кукуш, веќе го чекаа неговите стари другари од основното училиште Коце и Тасе, кои веќе три години учеа гимназија во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Просперо предизвикува бура којашто треба да ги збрише неговите стари непријатели од брегот на островот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велеше дека ќе биде задоволен ако пак заработи во фабриката за целулоза, на она негово старо место, на редење дрва.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Црните чевли на доктор Станеф, што му стигаа до глуждовите, избегнуваа да стапнат на чкрапливите дрвени штици во неговата стара канцеларија, и тој сега со својата бела шилеста брада личеше на ”бегалец”, или како некоја намусена мачка, која со своето семејство се преселила во удобна стара фармерска куќа, во тесна мала колиба или во мало станче во предградието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Побелен, со бледило дури и во очите, се зачуди кога деденцето Богдан Јанков, негов пријател и во негови стари панталони со многу џебови, викна по него од прозорецот на својата куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа можеше да биде само оној негов стар опинок, што го исфрли пред повеќе дена, додека чистеше под леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Градот не сакаше да се меша со гробиштата, живите не сакаа да бидат блиску до мртвите - но железничарот Круме и неговата стара, и не сакајќи, живееја со нив како навистина да се уште живи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не дозволи никој повеќе да го вика со неговото старо име.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уморен беше од снеговите што во последната зима како никогаш порано ги притискаа неговите стари гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Изземајќи ја Марија Кодама - неговата стара студентка и пријателка, лик на ќерка и жена - Борхес умре во најпотполна самотија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа, го загуби аргентинскиот народ со тоа што застана на страната на мачителите и убијците на сопствената нација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најнапред, со тоа што се затвори меѓу ѕидовите на Библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Би можело да се рече дека самиот избрал така да умре, но сепак тој избор претставуваше исход од едно бавно губење на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)