негов (прид.) - случаен (прид.)

Вистинскиот сликар исчезнува, а неговата случајна, неприродна пипавост нè убедува дека сликата не само што прикажува некоја друга стварност, туку и потекнува од неа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И во возот што одеше од Љубљана за Виена му се чинеше дека неговите случајни соговорници (најчесто Словенци, кои и самите зборуваа сосема несовршен српски откако прво ќе му се обратеа на словенечки) секој момент ќе го збрчкаат носот со презир кон неговото успорено одбирање на соодветни зборови во нивните сосема банални, попатни разговори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се разбира, мојот господин Семјон го премолча името на убавицата за која се посомневал дека би можела да биде во некаква врска со тој негов случаен соговорник од кафеаната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)