негов (прид.) - слободен (прид.)

А во што веруваше тој? Дали овој негов уморен чекор низ снежната шума е негова судбина или негова слободна волја?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но ми беше јасно дека беше предизвикано менталното двојство на А.А., како челник на единствената антиверска институција во светот, во единствената со Устав прогласена атеистичка земја во светот и неговата слободна мисла како начитан интелектуалец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ако знаеме, од основното психоаналитичарско школо, дека потиснувањето и сублимирањето на начелото на угода е културна дејност, цивилизирање на првобитниот сексуален нагон во галаксијата на Еросот и неговите слободни игри, ќе запазиме дека јужнословенскиот виталитет им одолевал на сите овие сублимации и дека на крајот се „сублимирал” во сопствената l’action directe и, така, без форма јурнал таму од каде што мислел дека бегал - во смрт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)