негов (прид.) - секојдневен (прид.)

Си призна дека многу сака да ѝ се допадне, па размислуваше како да го поправи првиот впечаток и на крајот приготви план кој донесе големи промени во неговиот секојдневен живот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сонцето беше далеку од својот конак; подалеку од неговата секојдневна врвица бело блескаше месечината слична на парче валчест мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Паѓајќи, лифтот ѕуни. 7 Мартин работеше во канцеларијата до доцна навечер, расчистувајќи го она што требаше да го направи пред утрешниот ден, рутински нешта, па сепак дел од постојаната нужда што господареше со неговиот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, ако го праша пријателот „зошто“, што ќе му одговори?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)