негов (прид.) - првобитен (прид.)

А штом и Милдред Пирс ќе почне да се гледа како претеран филм – како „изнасилен“ – односно, штом ќе престане да се сфаќа направо и штом ќе почне да се гледа со извесна доза на оддалеченост, надменост и иронија (како што не го гледала неговата првобитна женска публика од работничката класа), филмот се лишува од правото на трагична достоинственост, исто како Најмила мамичке, и беспомошно тоне во унижениот статус на мелодрама, на оној презрен и абјектен поджанр. ‌Геј-мажите, и покрај сета своја културна различност од стрејт-мажите, се сепак мажи, па нивниот однос кон мелодраматичната сцена на мајчинскиот судир затоа мора да се разликува барем во еден пресуден аспект од емоционалната вклученост на гледачките кои биле главната цел на класичните филмови со Џоан Крафорд и кои, во секој случај, ѝ биле најголемите обожавателки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Туркајќи ги до крајност елементите на прежестокото чувствување, на емоционалната претераност и на страсниот набој што веќе ги има во Милдред Пирс, Најмила мамичке нѐ учи да го гледаме реалистичното и (релативно) трезвено претставување во претходниот филм за судирот меѓу мајката и ќерката како веќе накиснато во буновна претераност, која веќе се граничи со хистеричност, како веќе наклонето кон една редуктивна, надмено патронизирачка визија – истовремено и гламурозна и абјектна – за жените и за женственоста: да скратам, веќе дисквалификувано од кандидатурата за сериозно разгледување, од кандидатурата за почесниот статус на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, нагласувајќи ги театралностите на Милдред Пирс до гротескност, Најмила мамичке ја истакнува имплицитната несериозност на претходниот филм и покрај неговата релативна ревност, вкус и вистинообразност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)