негов (прид.) - постојан (прид.)

Една од неговите постојани мисли која му се вртеше во главата и која на Татко постојано му ја кажуваше во различни варијанти беше дека секоја европска цивилизација во својата суштина била заснована врз свирепост, злосторства, варварство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оваа мрежа на идеи и вредности ги содржи: претставата дека стигмата на хомосексуалноста може да се надмине не со отпор кон неа, туку со нејзино прифаќање; откажувањето од секакво очекување дека ти следува да те сфаќаат сериозно; ироничното гледање на сите општествени идентитети; навиката да се третира автентичноста како изведба на автентичност; одбивањето да се уважи како достоинствено страдањето на поединците кои се нашле во ужасни и трагични ситуации, дури или особено кога ќе се погоди баш ти да бидеш еден од нив; истовременото заземање на општествено повисок и општествено понизок став, што подразбира постојано унижување на самиот себеси; отворено признаената срамотност на сексот и демократизирачкиот порив таа срамотност да се шири наоколу; антихиерархиската инклузивност на камп-хуморот, неговото себенеизземање и неговата постојана функција во создавањето заедништво.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пред да влезам во амбасадата, погледнав за последен пат кон транспортерот, ослободен од неговиот постојан притисок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
6. Некаде помеѓу годишните одмори и театарската сезона, додека во бифето не почнаа да се прибараат неговите постојани посетители, Горда го искористи тој мртов период и едноставно ја снема од градот; но, впрочем, тоа беше за ден - два.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тежиштето се става на Хичкоковата „манипулација со гледачот”, на неговите постојани пресврти, и на идентификацијата на гледачот со ликовите на Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој зрачи, позитивно или негативно, врз неговите постојани и непостојани жители.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доблестите на маниристичкиот тип на човек, според Херберт Рид, се состојат токму во неговата лабилност, неговата неодреденост, несфатливост, во неговата постојана игра со она скриеното во себе и во нештата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најнапред, дали мораме да се помириме со тој дуализам на апсолутите? okno.mk 243
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)