негов (прид.) - постар (прид.)

- Е, па, тогаш нема проблем! - викна восхитено Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓу нив, најмал како бајче, почна да се мотка и неговиот постар син, повеќе од љубопитство одошто од интерес.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фабриката што го стипендираше неговиот постар брат, одличен студент на Технолошкиот факултет, не можеше да му обезбеди работно место по неговото дипломирање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Геле Накотник излезе омрлушено од зад решетките по две седмици додека неговиот постар пријател беше пуштен кога од планините плисна мирис на снег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За чудо, во комисиите што даваа мислење, секогаш имаше по некој негов постар колега, кој бездруго знаеше за неговите квалитети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш дурии добија писмо од неговиот постар брат Захур, од чија продавница го купија свилениот килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)