негов (прид.) - помал (прид.)

Во таа соба лежи болна неговата помала сестричка, Ленче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со часови понекогаш седеше речиси неподвижна на креветот, држејќи го неговото помало сестриче, едно ситно, болешливо, мошне тивко детенце од две или три години, со лице речиси мајмунско од слабост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно убавичко, цврсто момче од девет години рипна од зад масата и нанишани во него со автоматски пиштол-играчка, додека неговата помала сестра, околу две години помлада, го правеше истото со едно парче дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овој момент мајка му седеше на некое место длабоко долу под него, со неговата помала сестра во рацете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И неговото помало братче Мишко дотрча крај него го залепи нослето до студеното стакло и уште порадосно свика: - Аииј, снег!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да не заборавам, тука беше и неговиот помал брат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Љупчо имаше шеесет и три години, Стојан без никаков проблем победуваше на плебисцитот кој на секои четири години го организираше, за на народот да му ја потврди укажаната доверба, а неговиот помал син Александар, предаде молба за вработување во државниот Секретаријат за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мартин веќе десет години живееше во Германија и секој месец во форма на девизен чек великодушно го помагаше неговиот помал брат и своите родители.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се разбра дека како непожелна, посебно ме трертира неговата помала сестра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не дозволуваше да се однесуваме лошо со мајка ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зошто да не можам и јас да размислувам за смртта на сличен начин?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тргнал човекот на пат што му се причинил примамлив и угоден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Секаде каде што ќе намине смртта се случуваат сосема обични а сепак чудни настани кои за жал остануваат недоразјаснети“, беше заклучокот на татко ми изведен од чудната смрт на неговиот помал брат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)