негов (прид.) - подвижен (прид.)

Татковата лабораторија на големите балкански идеи, неговата подвижна егзилска библиотека, ми беше оставена во наследство со сите тајни, со татковиот дух запрен на страниците на неговите книги, што требаше да се прелистаат и толкуваат според оставениот распоред.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од тој период Татко се враќа на Балканот и тоа време ќе биде означено со повеќе нови книги во неговата подвижна балканска библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останатите остануваат овде, како Чаплин на неговата подвижна лента.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите со олеснување се ослободуваа од неговиот култ, од стравот од неговата подвижна сенка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)