негов (прид.) - очигледен (прид.)

Неговата посета на Самитот на неврзаните во Белград, како резултат неговата очигледна желба да се продолжи Бургибиниот курс во односите со Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира, не затоа што ја споделуваше неговата очигледна закореност и закоравеност во комунистичката идеологија и доктрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И уште една противречност во неговото движење: неговата очигледна стегнатост на отслужен војник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да се биде геј, вели, е сексуална ориентација, а не супкултура. ‌Премногу би било лесно сега да се омаловажи и да се отфрли овој приговор така што ќе се подвлече тоа што неговиот сочинител се правда бранејќи си ја мажественоста или така што ќе се исмее неговата очигледна паника дека ќе го стават во некој куп со некакви распискани кралици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)