негов (прид.) - нов (прид.)

За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Градот оживуваше со планинскиот здив што го носеа неговите нови жители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ти си крив? - викаше едниот селанец. - Твоите овци влегоа во мојата пченка!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во појасот, со посребрена рачка, на сонцето блескаше неговиот нов револвер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неговиот современ геноцид, неговата жртва сепаленица, неговиот нов холокаустум.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш и Закинтјани вкусуваа од еднаш освоената, сега и возвратената доблест.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изгуби, а тој избор можеше да биде негов нов личен триумф.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа порака, пристигната на островот во тие негови нови трагични денови, на Закинтјани им значеше повеќе од сè.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата.  Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На пример, кога „го разгледуваме општеството а не единката, животниот интерес на секое општество е индоктринација на децата коишто ја сочинуваат неговата нова сила”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Метакот во тој период го снимаше неговиот нов албум и до доцна во ноќта заглавуваше во студиото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бесот и срамот - или неговиот нов лик - му го пресекоа здивот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дрвјата се тресат, грчат и свршуваат во неговите нови панталони.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Татко длабоко размислуваше за неговата нова, балканска позиција, каде што требаше да се прескокне петвековното отоманско време, но тоа не можеше да се стори без да се нурне во длабочините на идентитетите на овие народи, довчерашни поданици на Империјата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како старомоден лекар тој повеќе сакаше да ги посетува своите пациенти отколку тие да му доаѓаат во неговата нова канцеларија, а модерните лекарства кои правеа чуда ги гледаше со скептицизам, или во најмала рака кон нив имаше универзален однос и штедливо ги користеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По сугестија на докторите, посебно по убедувањето на неговиот нов пријател, Томо престана со пушењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вискито му беше неговиот нов омилен пијалок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поготово тоа не можеше да се однесува на неговиот нов пријател Раде со кој пајташки беа поврзани со чашката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неколку реченици му раскажа на својот пријател за состанокот и неговата нова задача. - Одиш на балот на гардата Алек?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нему му удри в ум мислата да ги заштити овие невини суштества кои ќе му требаат за работа на неговите нови чифлизи, а да му ги испрати на кадијата и бегот само водачите на бунтот, што ги познаваше многу добро од средбата со нив во Старавина на Богородица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распр­снато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ж: Тогаш му предложив да ја чуеме на неговиот нов грамофон, и тој со задоволство го прифати предлогот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Тогаш, претпоставувам, вие пак му пишавте на производителот, го проучивте новиот модел и ја компониравте и снимивте втората песна, „Јас не можам да бидам отсвирена на грамофонот 2”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, тој ја стави плочата и го вклучи грамофонот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така, Ракот возбудено ми раскажа за неговиот нов модел и јас му ветив дека ќе поминам да го видам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пред некоја вечер излегов со пријателите од факултет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја отвори вратата пред неа; таа излезе, а на масата остана неговата тепсија полна со ароматичните чоколадни колачиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гледајќи го одзади, неговата нова ќела толку тажно изгледаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Долго потоа не можеше од глава да ја извади неговата нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во неговата нова книга, „Вештачката интелигенција и човечкото размислување”, Joseph Rychlack повторува многу од аргументите на претходните критичари, и на нив додава неколку сопствени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Навистина, тој постојано okno.mk | Margina #3 [1994] 93 ни вели дека „предикација” е едноставно негов нов збор за Kelly -евиот концепт за сфаќање.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)