негов (прид.) - најнов (прид.)

Се обидуваше да им создаде нов поредок на своите книги, според стратегијата на останувањето, наложена од неговата најнова функција, како социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
У тој момент каубојски и неочекувано од врата влезе неповторливиот Гоцка Арнауда облечен у неговата најнова лепршава кошуља со палми која сигурно кошташе колку моето реновирано купатило, но затоа беше грда ко вилицата од баба ми кога лебди у чаша со вода.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кај славниот фотограф, Антон Корбијн, дејствието во неговиот најнов филм „Контрола“ го движи вокалистот на „Џој Дивижн“, Ијан Кертис, момчето кое самото си го прекрати и онака краткиот живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Возилото во кое (господин) Џокомир пристигна е еден од неговите најнови изуми-место тркала става луѓе кои, откако ќе се излижат, ги менува.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа ми го тутнаа изгледа во умот и во срцето политиката и Војната“ Патем ја спомна и неговата најнова теорија за корисноста!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во 1950 година ќе излезе неговата најнова книга песни за деца „Татковина“.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)