негов (прид.) - мртов (прид.)

Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наташа се освести набрзо откако тој престана да ѝ ја цица крвта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И најпосле нешто се прекина... Старецот во себе слушна пеење и здогледа непрегледна трака како доаѓа и го прекрива целиот свет... Неговата душа заминуваше во нова, непозната сфера на постоење... 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тогаш во неговата мртва глава се појави идејата своето доаѓање да го објасни со летаргичниот сон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во меѓувреме самоубиецот престана да свири, но веселбата продолжуваше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На земјата остана сега веќе засекогаш неподвижниот леш: но лицето веќе не му беше онака скаменето како за време на неговиот мртов живот; беше изобличено со грчот на човечки страв и надеж...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле, незабележано за самиот себе, старецот отиде малку на страна, во шумата; тој веќе се беше смирил и акаше без цел околу грмушките и дрвјата; парченца од шишарки и лисја испопаѓаа врз неговата мртва глава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)