негов (прид.) - краен (прид.)

Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кејџ искажува акутна свест за тоа, и неговиот краен напор е насочен кон пронаоѓање на патишта и создавање услови за поголема општествена кохезија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На 14 февруари 2003 година тој прифати да сподели дел од власта со новоизбраниот премиер Махмуд Абас (неговиот близок пријател Абу Мазен).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трамваи има во неговите крајни квартали и во неговиот азиски дел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во ретките невидливи Таткови солзи се топеа семожните мисли, неговата крајна порака, можеби и притаениот страв дека може повеќе да не ме види.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ариел Шарон не мируваше. Негова крајна цел беше отстранувањето, елиминацијата на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)