негов (прид.) - комплексен (прид.)

На свој начин создавав во себе некаков митски отпор од загриженост да не ја изневерам суштината на палестинскиот феномен преку самодопадливо валоризирање на мојата вокациска позиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше очигледно дека беше фасцинирана од неговата комплексна личност, надарена со голем ум и добрина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев свесен дека како и да пишував, никогаш не ќе успеев да се доближам на достоен начин на легендата на Арафат и на одбраната на својата Палестина, на сложената енигма што се криеше во неговата комплексна личност, на неговиот живот-жртва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)