негов (прид.) - духовен (прид.)

Еден ден, заклучи рабинот на монастирлитската синагога по завршувањето на оваа ревија на мудреци што дефилираше пред неговите духовни очи, со одборот на синагогата, придружени од сопругите, секако и тој ќе ја посети Битола.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Барајќи решение, владиката размислуваше за успешната битка што по сличен повод веќе ја водеше неговиот духовен предводник, атинскиот архиепископ Дамаскин при кого Хрисостом ги помина тешките месеци на својата интернација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако го сметаа Бургиба за татко на нацијата тогаш Месади можеше да се смета за негов духовен брат. Беше и брилијантен арапски писател.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога архиепископот доби закани од генералот Штроп дека ќе биде изведен пред стрелачки вод поради неговото интересирање и помош кон Евреите од Атина, Хрисостом се сети на бестрашните зборови на пименархот, веќе одамна подготвен и решен на саможртва доколку за неа се покаже потреба: *„Иерарсите на Грција не се стрелаат, се бесат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И затоа сега беше обземен од помислата дека нешто основно, нешто цврсто и пристојно беше нарушено; од дејството на нешто друго, чистото во него беше изгнасено; неговата духовна и морална доблест, всушност срцевината на неговото битие, беа нападнати и ограбени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рада за Томо секој пат беше негов духовен водач.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)