негов (прид.) - длабок (прид.)

Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше многу зборови кои остануваа заложници на неговата длабока тишина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Однеси го оттука и татко ти”.  Рашела разбра и се сврте кон татко ми, го фати под рака и го тргна од неговата длабока замисленост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слушајќи го Татко, примајќи ја неговата длабока и разгранета мисла, тој тивок аманет што можеше да се насети, ми стануваше јасна неговата загриженост за таа неспорна трагедија на немирните балкански граници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Сакам муур од тебе“ рече санџак бегот, откако со нажалено кимање ја ислуша неговата длабока воздишка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)