негов (прид.) - груб (прид.)

И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Играта почна. Нејзиното тело, на прагот на прецутеноста но сепак се уште привлечно и меко, вешто се извиваше под неговиот груб допир.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)