негов (прид.) - висок (прид.)

Ужасот, злосторството што го направил Даниел му ги стегна градите со железна рака и неговата висока и сува конструкција тетеравејќи се дојде до клупата, каде што се спушти со длабока воздишка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И, удрен очи в очи со сета морничава пустош на сѐ околу него, изврзан и распнат, тој сега почна да вика, да завива, врескаше нешто од својата бука, довикнуваше некому нешто, надвикнувајќи сè друго во себе, се одѕиваше на секое ново далечно завивање, го бркаше од под себе оној парталав влечко, укаше, пцуејќи ја неговата зачеканост, повикувајќи го на некаков мегдан, разговарајќи со него, сѐ додека виковите, тие негови високи завивања без смисол, не се престорија во еден преоптегнат, болен напор, во кој беше многу тешко да се достои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа пак се исправи и неговата висока конструкција, со своите седум декади од животот, што му тежеа како седум посебни товари, крцкаше како да имаше песок во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)