негов (прид.) - ваков (прид.)

Стана и истрча од канцеларијата. Дури и сега верувам дека моите размислувања не даваа повод за неговото вакво однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не помала била вредноста на неговите вакви записи кога ќе се нашле помеѓу опишаните со многу поединости свадбарски поворки, па дури и помеѓу зборовите на песните испеани по чудни и таинствени поводи, кога срцето се отвора за разговор со најдалечната желба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина, не можеме а да не сочувствуваме и ние со комитата Ѓошо Савев во врска со неговата ваква обземеност од сонот на Акиносуко со оглед на спомнатите услови и посебните околности во кои се одвивала живеачката на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури ни не загатнав дека се сомневам оти неговните служби ми го подметнале написот за Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)