негов (прид.) - бел (прид.)

Толку ми е непријатно поради неговиот бел гол газ положен пред мене како погача на софра врз гроб кој знае чиј.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Човекот беше испотен, а од Дрина доаѓаше студен ветар; пријатен и чуден беше допирот со топлиот изделкан камен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговиот бел завој стана нешто неразделно и дури неопходно за погледите на смелите борци од Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште еден удар, уште едно повлечено гудало по невидливите жици и ножот допира до коренот на црвениот цвет, до неговата бела стеблика. Стеблика - коска.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледан отстрана, неговиот бел и смело извиткан лак изгледаше секогаш одвоен и секогаш сам, а го изненадуваше патникот како необична мисла, заталкана и фатена во карпите и во дивината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја впиваше кон забите горната усна додека врвовите на неговите бели прсти удираа по светкавата револверска футрола.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)