негов (прид.) - чекорење (имн.)

И талкаше така, еден сам човек, низ таа дива шума во снегот; се пробиваше тој низ магличавата пепелавост меѓу стеблата, длабокиот снег му го врзуваше неговото чекорење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа жена му на Мил доби писмо од некое друштво во кое беше зачленет Мил и кое му бараше да ја ипрати теоријата за откривање на карактерот на човекот преку неговото чекорење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Музиката му го развесели и чекорот – звуците чудесно му дадоа ритам на неговото чекорење и на неговото постоење во тој миг, и тој знаеше дека ништо не може вака да го разбуди освен волшебноста на музиката. Или речиси ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)