негов (прид.) - труд (имн.)

Неговата Стомачна скулптура е подвижен објект во којшто се наоѓа ендоскоп.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај бригадирон Језекил, мислеше, тоа е неговиот труд, сиот негов живот, старион е всушност целиот еден празен ракав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Шо велиш ти, Досто? — вели дедот Петко, кој сега доби особено расположение кога виде оти неговиот труд роди добар плод.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој дел од книгата всушност е полемички, аналитичен одговор на пишувањето на српскиот универзитетски професор, дипломат и државник Милован Ѓ.Миловановиќ /1863-1912/ во неговиот труд „Срби и Бугари” /„Дело”, Белград, 1898/, во кое се вели: „Ни историјата, ни етнографијата, ни географијата воопшто не му стојат на пат на решавањето на македонското прашање помеѓу Србите и Бугарите на начин што единствено им одговара на вистинските, добро разбраните интереси и на Србите и на Бугарите, а тоа ќе рече според вистинските животни потреби на Србија и на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа значи дека, ако македонскиот уметник сака да изведе чудо - што е секако еден од највисоките дострели во областа на уметничката креација - и створи јато пингвини под зајдисонцето на саваната, ќе добие пар пцости од преполните со неразбирање љубители на уметноста како награда за овој негов труд.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во последниот негов труд, Оддалечено тело, Стеларк користи екран на допир, Интернет и своето тело приклучено на стимулатори на мускули, со тоа овозможувајќи му секому, каде и да е на светот, да го истегнува телото на уметникот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)