негов (прид.) - творба (имн.)

Нека е господ со нас, вели, оти светот е негова творба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Умре човекот во чии писателски талент не верувал ниту татко му (банкарски чиновник), иако ги собирал сите позитивни критики што излегувале во весниците за неговите творби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Југославија, неговата творба која вештиот владетелја одржуваше со својот владетелски инстинкт и авторитет, неколку години по неговото исчезнување заличуваше на долговечен чинар кој умира дел по дел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено, стравот е тема што ги окупира хероите на Набоков во многу од неговите творби, било да се тоа романи, раскази или драми. (...)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)