негов (прид.) - став (имн.)

Ваквиот негов став секако бил овозможен од големите и необично значајни општествени поместувања што се вршеле кон крајот на XVIII и во почетокот на XIX век.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Што се однесуваше до нас (мене и мојата сопруга), на Јан Кот не му требаше посебен напор за да не убеди дека сме само коректни толкувачи на неговите ставови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше пријателски настроен кон мисијата, но имаше некоја резерва во неговиот став, што се должеше, по мое мислење, на нашата претходна помошна Михајловиќ.125
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кетрин без сомнение ќе го поткажеше на Полицијата на мислите, само да не беше премногу глупава за да ја почувствува неортодоксноста на неговите ставови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко со задоволство утврди дека Камилски, кој одвреме-навреме имаше своја lucida intervala, целосно беше согласен со неговите ставови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го погледна Камилски, не сакаше директно да му противречи на неговиот став или да ја искаже својата отворена согласност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, мајка му Анѓа беше пресудна за градењето на некои негови ставови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако правилно го разбираме Rychlack, негов став е дека значењето на секој конструкт мора да биде дадено во поширока рамка, и така да мора да ја вклучи и неговата опозиција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- По ова А.А. ме погледна супериорно не испуштајќи ги, дискретно, и другите во кафеаната од вид и давајќи ми јасно на знаење дека неговиот став е конечен, според сталинските манири.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во оваа точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сонот почна да го совладува дур мислеше на тоа колку Проп бил пред Клод Леви-Строс во неговите ставови.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер, Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и сѐ што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требало време и одреден степен на креативност да се создаде такво лице, но неговиот став ме убеди дека тој ужива да живее зад него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со животот на Едгар Морен и со неговите ставови во животот, со неговата драма кога по битката кај Сталинград, требаше да се определува помеѓу десницата и левицата, помеѓу фашизмот и комунизмот, ќе се определи за вториот, но во повоениот период сталинизмот тој ќе го напушти, сведочејќи во книгата Автокритика (1959).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот став е повеќе креационистички отколку анти-интелектуалистички; тој сонува за тоа, како што, се чини, сугерира расказот „Ја гледаш ли месечината?“, одново да го создаде светот - па дури и неговиот израз да мора да биде сведен на реченица, којашто е „човечка творба, не баш она што го посакувавме, се разбира, но сепак човекова конструкција, структура што треба да се цени поради нејзината кревкост, наспроти цврстината на каменот“. ***
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓутоа, тој е тоа само во онаа смисла во која се спротивставува на традиционалното сфаќање на „уметничкото“, а зад тоа неговиот став е ауметнички - уметноста е само еден од преносителите на духовноста, само едно средство за постигнување на духовно просветлување, ништо помалку и ништо повеќе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)