негов (прид.) - сознание (имн.)

За сето време во неговото сознание остануваше чисто само тоа, дека патот низ оваа угорница и при обично летно патување зазема една поголема половина од времето, за кое се стасува в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговите сознанија не ја исклучуваа можноста дека Ниротакис Алимакопулос е вклучен во организираната акција на јужниот сосед за нелегално испраќање кај нас мигранти од Африка и Азија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги навлеков наламите и се исправив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според неговите сознанија, животот се наоѓа во пореметена состојба, а лично тој беше повиканиот што треба да ја спроведе сложената терапија на неговото заздравување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сето тоа и како да не постоеше повеќе; чунки сѐ со него и да се состоеше само во оваа пеколно збивтање; ако не беше онаа топлина зад еден далечен рид напред, што го влечеше неговото сознание и преку тој непроодлив простор меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)