негов (прид.) - слуга (имн.)

Изведувачите не се веќе негови слуги, туку се слободни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Me разбра ли брат Толе? — го заврши Атанас своето убедување, трудејќи се колку што може и не може да му објасни на Толета каде е патот кон слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И овде во Атеистичкиот музеј во Скадар ни се подготвуваше албанската идеолошка варијанта на музејско - театарската претстава на апсурдот – за борбата и ликвидацијата на Бога, со сите негови слуги на земјата и на небото!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Во моето кнежество“, објаснува Поетот, „прачките за камшици на Владарот и неговите слуги се изгорени“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Третиот ден, уште на ранина, уште неосвестени од она што се случило ноќта, придружбата на мојот прапрапрадедо, неговите слуги и камилари биле исечени од сабјите на ајдутите, така што немале време ни да офнат ни да залелекаат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да го тепа Султанот и неговите слуги, та да се требат, и аскерот, и заптиите, и мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)