негов (прид.) - склоност (имн.)

Кампот, и на сцената и надвор од неа, обично е лице што, според критериумите на групата, е сексуално понепривлечно, било поради поодминатата возраст, било поради помалкуте телесни прекрасности или, честопати, поради двете.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично на оптичката решетка низ којашто гледачот го гледа поголемиот дел од “Договорот на цртачот” (The Draughtsman’s Contract,1982), огледалото секогаш го засилува врамувањето на филмот; втората е неговата склоност кон колажната естетика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговата склоност беше да се задлабочува во некоја тема разложувајќи ја за да одговори на прашањето што си го поставил или да обмислува некој предмет барајќи ја неговата суштина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа Гринавејовото инсистирање на материјалната опипливост - неговата склоност кон румено месо, меснати тела, неизделкани лица и таквите телесни постапки како плукање или мочање - пред сѐ потсетуваат на разгоропадената, висцерална уметност на Џекоб Џорданс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одовде и потсилувањето на неговата склоност кон контрасното и парадоксалното.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Без разлика на „објективниот“ изглед на кампот, најуспешно ќе му мине оној виц што ќе го направи на своја сметка.228 Она што го обележува кампот, според оваа белешка, е намерното одбивање на себеизземањето од подбивот што го насочува кон поширокиот општествен свет, како и неговата склоност да ја исмева својата абјектност – да му се смее, како италијанските вдовици од Фајер Ајленд, како Дејвид Мекдијармид, како Том Ширер или како Беовулф Торн, на сопственото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)