негов (прид.) - реченица (имн.)

Ги откривам неговите реченици во постојаните судири меѓу нежноста и суровоста – „Нека лебдее над огромниот неразмрслив сплет на брановите!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кон таа крв чувствуваше некаков зазор, дури и Мојсеј, кој на еврејскиот народ му бил ослободувач, законодавец и основач на верата, го прогласуваше за не-Евреин, а од секоја негова реченица во која се наоѓаа не-Евреинот Мојсеј и Евреите, можеше да се почувствува што тој чувствува кон не-Евреинот, а што кон својот народ: „Како е можно еден единствен човек да постигне такво нешто, од индиферентни поединци и фамилии да формира народ, да му втисне конечен карактер и да му ја одреди судбината за цели милениуми?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, наеднаш, без да инсистирам на некакво вмимание или пак ветување што треба лично да го изрече, тој уште еднаш потврди дека не случајно спомнал оти знае што ме мачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: "Јас сум дојден овде со едиствена намера да учам".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)