негов (прид.) - профил (имн.)

Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако тогаш беше само тинејџер кој мисли дека за некои работи (а особено за музиката) знае сè, во неговиот профил имаше нешто многу посериозно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа потврди со главата, сè уште загледана во неговиот профил, додека тој се вртеше некаде настрана, обидувајќи се да го најде изворот на музиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот профил под русата коса, правилен во полусенките на летната вечер, беше смекнат од сладникавите звуци на живата свирка што доаѓаше од некој неопределен правец.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)