негов (прид.) - просторија (имн.)

Секогаш ме внесуваа во една од неговите простории, каде што го очекував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стоев во место и само мојот поглед шеташе наоколу – по ѕидовите, по подот, по полиците на кои, едни до други, беа наредени книгите и алиштата на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јасер Арафат ме пречека на самата капија што тоа ретко го чинеше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влегував во неговата просторија со мал прозорец кој повеќе изгледаше како пукнатина на ѕидот, и застанував покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг, Татко забележа во распоредот дека неговата просторија со сиџилите им беше дадена на младите архивисти-ориенталисти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)