негов (прид.) - проблем (имн.)

Тогаш му се гледа само неговиот проблем, и слуша работи што се поврзани со тој проблем.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На некои прашања тешко се даваат одговори, затоа е подобро да си зборуваме за Берт Брехт и неговите проблеми со одржувањето на претставата „Мајка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Или, кажано со книжевна терминологија, конфликтот на Лардас Ливајн произлегува од неговиот проблем на лојалност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На грижите местото им е кај помладите. Оној кој чувствува потреба да го освојува светот, да ги решава неговите проблеми, да ги совладува искуствата на напредокот - нему и грижите!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го дадоа на кратко на вечерните вести, ми вели, како со моќни гестови нешто образлага, а тој тука, до мене, гледа во екранот молчејќи, како да е најнормално и јас да дознаам за неговите проблеми и планови кога дознаваат другите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Доброто велат секогаш кратко трае по интуиција па токму кога помисли дека се решени сите негови проблеми, се случи ненадеен крах кој повторно го загорчи неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Е па, сега, слушал турбо – фолк! Па што дека слуша, негов проблем!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За право да зборуваме, и мене неговата омилена музика не ми е баш многу по волја, ама кога сум со него, не ми пречи да ја слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)