негов (прид.) - придружба (имн.)

Чорбаџиите решија да се вади сноп. Спаијата и неговата придружба само што не се разиграа, а за песна веќе се знае оти турија достур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во неговата придружба имаше некој и друг што за првпат одеа во Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сам султанот, со бројната послуга, со харемот и нејпочестените високодостојници, се смести во господарската зграда, додека другата негова придружба, соколарите и гардата, распна шатори на Зедница и во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
При тоа тие добиле информација дека “југосовенските партизани во Македонија ги ослободиле Кичево,88 Гостивар, Дебар и Тетово“.89 Со истата радиограма Маклин бил известен дека “две британски мисии кои оваа недела се спуштија кај албанските граници сега ќе заминат за Струга за да стапат во контакт со партизаните во таа област и оттаму треба да се обидат да стапат во контакт со македонскиот ГШ“.90 Едната мисија била предводена од Мостин Дејвис, а во неговата придружба биле еден оператор за врадиоврска и еден експерт за експлозив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Па се врти кон витрината и кратко се задржува барајќи ја во аптеката вистинската мешавина, а тие сите исти и, држејќи го в рака како да е „драгуљ“, го предава на болниот и неговата придружба наплаќајќи го како бесценет камен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По неколу секунди неговото тело било разнесено пред вчудовидениот валија и неговата придружба. Последен останал Коста Кирков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата придружба, која беше историја за себе, со амбиции да му се додвори на таткото на нацијата, симулирајќи ја неговата моќ и луцидност, ја играше вистинската улога на комедијата на апсурдот. Кралот Иби, од истоимената фарса на Алфред Жари можеше да му позавиди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжив така до амбасадата, со транспортерот зад себе, небаре во негова придружба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И врховниот водач на Тунис Хабиб Бургиба не беше исклучок во ова верување, кое што во годините на залезот на животот уште повеќе му го зајакнуваше неговата придружба, меѓу кои се криеше и преамбициозниот наследник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)