негов (прид.) - претходник (имн.)

Како и неговите претходници, така и Питер Гринавеј од уметноста прави стапица во која може да се најде и самиот. Бидејќи, на крајот сепак добиваат Островјаните.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Колку што убаво зборуваше за својот шеф Граматниковски, толку имаше лошо мислење за неговиот претходник Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елемен- тот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Новините коишто ги содржи актуелниов ЗПП vis-à-vis неговиот претходник, се следниве: 1) воведување законски инструктивни рокови за забрзување на постапката, коишто дотогаш не постоеја.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кулик, како неговиот претходник Диоген, наоѓа уживање во глумењето куче само кога други го набљудуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одлично го владееше книжевниот арапски јазик, како и говорните варијанти на земјите во кои службувал во речиси сите држави на Блискиот Исток, Магреб и земјите на Персискиот Залив...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се надеваше единствено дека тоа ќе го искупи со натамошната своја практика, кога како самостоен ќе може да ги применува новите методи на терапија напуштајќи ги веќе вообичаените на неговите претходници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше назначен со голема брзина и во главата имаше некоја особена направа, заради што беше наречен “Органа”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем, тоа не му пречеше да ги среди долговите, запуштени од неговиот претходник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)