негов (прид.) - претпоставка (имн.)

Мене би можело да ми биде сеедно што мисли тој кога јас добро знам дека не сум умрен, но како што е сомнителна неговата претпоставка, така е сомнителна и мојата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од неговите претпоставки, иако претставувани како недоразјаснети гатанки, произлегуваше дека е спремен дури и да ја оправда постапката на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш тој ѝ раскажуваше, според неговите претпоставки, од кој паша потекнувало огледалото, како дар на нивното семејство, ама не можеше прецизно да се сети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Извини, но осаменоста, војната, опасностите во кои понекогаш ќе втрчавме неподготвени...влијаат да станеме жртви и на предлози што не ги почитуваат нашите принципи и правила...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)