негов (прид.) - предедо (имн.)

Прикажуваа секогаш, кога ќе го видеа него, а најчесто му прикажуваа за неговиот предедо додека тој растеше; му прикажуваа нему, додека ја земаше врз себе ликата на својот предедо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една вечер тој негов предедо наместил на една врвица во некоја корија стапица за диви свињи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш на оној негов предедо со довикување му се јавиле двајцата други ловци од селото, што стоеле за сето време тука, меѓу дрвјата, дојдени од другата страна, подлагани од оној лелек, а само малку подоцна од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При секоја негова малку почудна постапка во неговото растење и во младоста постарите луѓе околу него климнуваа со главата и зборуваа сѐ за оној, за неговиот предедо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, неговиот предедо не помислил, како воопшто да не му текнувало, за таа негова пушка, прикажана по својата убоитост, додека ја гледал мечката фатена во Неговата стапица.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил тоа еден од неговите предедовци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)