негов (прид.) - потреба (имн.)

Искрено, ме изнемошти прашањето и не можев да се воздржам, а да не ја задоволам неговата потреба за сочни содржини.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако сосема ја разбираше неговата потреба за контрола над сопствената потрошувачка, за поставување ментална брана пред надојдената река на конзумеризмот, прашањето сепак ѝ изгледаше смешно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ги знаев тие нешта, и самата гледав како Клара се себеизмачува во својата затвореност, но сепак го слушав Густав со внимание, затоа што ја чувствував неговата потреба преку зборување да се ослободи малку од тегобноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако едноставно го свртеше лицето кон нејзината страна на креветот, или ако се обидеше под покривката со раката или со ногата да го почувствува нејзиното присуство, ќе дознаеше дали таа беше на креветот, но тој не го стори тоа зашто ако таа беше таму и ако беше будна, ќе може да исконструира дека тоа е знак на прошка или за негова потреба од неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Зошто сум на овој свет!? Чувствувам дека неговата потреба од мене е огромна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се должеше ли уште на нешто неговата потреба, по првиот занес со мене, кој беше несомнен, да се покрие со својот цврст емоционален плашт непробоен за моите вибрации?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но неговата потреба од дијалог и не е така беспричинска или лоша како што се чини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понекогаш, кога излегувала од својата неподвижност, Клара бегала од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)